Адвокатката на семејствата на жртвите од масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Зора Добричанин, изрази сомнение дека малолетниот убиец Коста К. во извршувањето на масакрот имал соучесник и дека е можно да се работи за терористички чин.
Адвокатката Зора Добричанин денеска посочи дека се уште трае истрагата масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај годинава.
– Тоа што директен извршител е дете, кое во времето на извршувањето на тоа грозоморно злосторство имало 13 години, не значи дека нема помагачи, поттикнувачи, или други кои би можеле да одговараат за убиството. Впрочем, од самиот почеток се занимаваме со мислата дека е можно да се работи за терористички чин, бидејќи дефинитивно е предизвикан страв од големи размери – изјави Добричанин за Танјуг.
Адвокатката посочи дека по страшна трагедија не можете да сретнете родител чие дете оди на училиште, а да не чувствува страв.
– Децата полудеа по неколку лајкови на некој профил на интернет, децата сега се способни да направат сѐ. Училиштето од најбезбедна зона се претвори во место на страв и место кое предизвикува голема несигурност – посочи адвокатката.
Добричанин истакна и дека е предизвикан страв во големи размери што создава сомнеж дека е можно да се работи и за терористички напад.
– Тоа што во моментов не е докажано не значи дека не постои и не значи дека нашите безбедносни служби не го истражуваат. Обвинителството сѐ уште води неколку од овие постапки бидејќи сака да истражи сѐ во тој контекст – рече Добричанин.
Таа појаснуви дека семејствата на жртвите имаат ангажирано повеќе адвокати, но дека сите се обединети во тужбата.
– Мислам дека дадовме многу придонеси, како и другите претставници на оштетените. Морам да нагласам дека сите оштетени имаат по еден или повеќе адвокати и дека сите сме обединети во тужбата. Сите бевме на мислење дека во моментот на покренување на обвинението има доволно докази за да се премине на следното ниво на сомнеж, односно да се заврши истрагата и да се подигне обвинение, што е потврдено со одлуката на Вишиот суд во Белград – рече Добричанин и потсети дека обвиненијата се покренати против таткото и мајката на момчето убиец како и против двајца работници на стрелиштето.
– За таткото кривичната постапка е тешко дело против општата безбедност. За мајката е кривично дека недозволено држење и носење оружје. За работниците на стрелиштето, тоа е лажно сведочење, така што во овој момент никој не е обвинет за убиство. А, убиството неминовно и неспорно, се случи затоа што имаме толку многу мртви деца и мртов човек од обезбедување – рече Добричанин.