Далај Лама се извини откако на видео кое се појави на интернет тој прашува момче дали сака да му го цица јазикот на тибетскиот духовен водач. Неговата канцеларија соопшти дека сака да им се извини на детето и на неговото семејство „за повредата што може да ја предизвикаат неговите зборови“, пишува Би-Би-Си.
На видеото се гледа и како Далај Лама го бакнува детето на усните.
„Неговата Светост често ги задева луѓето што ги среќава на невин и разигран начин, дури и јавно и пред камерите. Тој жали за инцидентот“, соопшти неговата канцеларија .
Снимката предизвика широки критики. Не е јасно кога и каде се случил инцидентот.
Според изјавата, момчето го прашало Далај Лама дали може да го прегрне.
Во Тибет, вадењето на јазикот може да значи и поздрав.
Далај Лама живее во егзил во Индија откако избега од Тибет во 1959 година, по бунтот против кинеската власт таму.
Во 2019 година, канцеларијата на Далај Лама се извини откако духовниот водач во интервју за Би-Би-Си изјави дека секој иден „женски Далај Лама“ треба да биде „згоден/на“.