More

    Дај Боже да се пласираме на Светско првенство!

    spot_img

    Ако се пласираме на Светско првенство, јас лично ќе направам огромна торта на плоштад во Скопје, вели во разговор за УЕФА ТВ македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас во пресрет на натпреверот Италија-Македонија што ќе се одигра утре во Палермо со почеток во 2о:45 часот.

    – Секогаш кога ќе добијам повик за репрезентацијата на Македонија, едвај чекам со срце да дојдам и да играм. Дај Боже да се пласираме на Светско првенство. Тогаш, со огромно задоволство и без никаков проблем ќе направам торта. Ако треба на плоштад во Скопје ќе направам голема торта, само да се пласираме на Светско првенство – изјави Елмас.

    Во контектст на тортата, тој се осврнал и на семејниот бизнис, односно на слаткарницата „Мандарина“ во скопската населба Автокоманда.

    – Секогаш кога сум во можност помагам во изработка и служење на слатките. Секогаш се трудам да научам, да гледам, бидејќи занаетот е многу важен и некогаш ќе ти затреба во животот – вели играчот на Наполи.

    За жал, Елмас утре нема да истрча на теренот поради жолти картони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img