More

    Чулев: Кривична за Спасовски и оставка од Османи

    spot_img

    На вчерашниот протест Оливер Спасовски и неговите партиски пулени, исклучиво раководејќи се од партиски интереси и желба за зачувување на власта по секоја цена, дозволија да се случи сериозен безбедносен инцидент во кој лесно можеше да се случи да се изгубат и човечки невини животи, со понатамошни далекусежни последици по безбедноста и стабилноста на државата. Протестот беше уредно најавен, со однапред позната маршута на движење и точки на застанување. МВР е должна да изготви оперативен план каде ќе предвиди мерки и активности за физичко, оперативно и сообраќајно обезбедување на протестот. Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи е должен секогаш кога има протест да организира освен одржување на јавниот ред и мир и заштита на виталните државни објекти, да обезбеди и повторувам непречено одржување на протестот и заштита на безбедноста и животот на учесниците во протестот, вели поранешниот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев.

    – Оперативното планирање се врши врз основа на безбедносна проценка која вклучува безбедносни ризици вклучително и безбедносен ризик за учесниците на протестот. Притоа, се утврдуваат и сектори односно критични безбедносни точки каде што би можело да дојде до сериозни безбедносни инциденти односно нарушување на јавниот ред и мир. Во таа насока согласно безбедносната проценка и оперативниот план се предвидува и соодветен распоред на полициски сили и средства и мерки и активности кои треба да се преземат. Речиси секогаш во досегашните оперативни планови секторот Мавровка односно плоштадот Скендербег е идентификуван како критична безбедносна точка – вели Чулев.

    Тој вели дека за време на вчерашниот инцидент, од причини познати на министерот, наместо адекватно обезбедување, на местото на инцидентот можеле да се забележат само тројца позорникари.

    – Ова значи дека целосно е потфрлено во физичкото обезбедување со непредвидување на доволен број на полициски сили и соодветни материјално-технички средства. Дополнително, од професионално неразбирливи причини, мистериозно затаило и оперативното обезбедување, во насока на благовремено информирање за групирање на лица со намера за попречување на протестот и загрозување на јавниот ред и мир и односно загрозување на безбедноста односно животот на протестантите. Едноставно кажано, Оливер Спасовски воопшто не водел грижа за безбедноста на граѓаните учесници во протестот. Од овие причини и непреземање на мерки и активности дојде до сериозно нарушување на јавниот ред и мир, предизвикување на општа опасност и други кривично-правни дејствија. На овој начин од страна на партиските послушници на Оливер Спасовски е сторено кривично дело несовесно вршење на служба. Должност и задача на министерот и неговите соработници е да ја заштитат безбедноста на учесниците на протестот, а тие очигледно тоа не го направиле загрозувајќи го нивниот живот – додава Чулев

    Техничкиот министер тврди и дека инфилтрирани провокатори, провокативните легитимирања, уцените, заканите, прекумерната употреба на брутална сила, непреземања на должни дејствија и друго е само дел од модусот операнди на овој хибриден режим во насока на модерирање на гневот на граѓаните, а како што вели Чулев, особено на младите протестанти и предизвикување на инциденти и ескалација на протестот со крајна цел дискредитација и угушување на сенародниот граѓански протест.

    – Оливер Спасовски треба кривично да одговара и самиот да си поднесе оставка. Оставка треба да си поднесе и министерот за надворешни работи Бујар Османи кој повикуваше и се закануваше со етнички инциденти доколку не помине предлогот со кој Македонија ќе се асимилира и бугаризира. Оставки затоа што тргнаа против својот народ за да ги сочуваат привилегиите и власта – изјави Чулев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img