Сибирска аронија (Aronia melanocarpa), позната и како сибирска боровинка. Со цедење на овие бобинки се добива сок од аронија – неверојатно здрав и ефикасен природен сок.
Аронијата според многу експерти е најздравото овошје на светот, а потекнува од Северна Америка. Денес се одгледува низ целиот свет – во Русија, Полска, Украина, Германија, Бугарија, пишува Данас.
Интересно е што аронијата нема природни непријатели, а освен тоа – отпорна е на сите временски услови како и на екстремно ниски температури.
Може да се консумираат свежи, доволно е да се јадат од 200 до 300 грама дневно. Покрај тоа, тие можат да се замрзнат, сушат, варат како мармалад, сок, сируп, компот.
Истражувањата покажуваат дека аронијата има антиканцерогено дејство.
Аронијата е богата со антиоксиданси и затоа ги штити здравите клетки во телото и крвната плазма од оксидативен стрес, забавувајќи го процесот на стареење на телото и спречувајќи развој на хронични болести.
Ја стимулира работата на тироидната жлезда и затоа е особено препорачлив за луѓе кои патат од хипертироидизам. Дополнително, аронијата спречува појава на кардиоваскуларни заболувања, го намалува високиот крвен притисок и холестеролот и го стимулира производството на добар холестерол.
Ја поттикнува и работата на црниот дроб, ги смирува грчевите и болките во цревата, го намалува воспалението на цревната слузница и ја стопира дијареата. Аронијата е корисна и при воспаление на уринарниот тракт.