Четиринаесет лица загинаа, а 37 се повредени во сообраќајна несреќа на патнички автобус во северната кинеска провинција Шанкси, соопштија локалните власти.
Патнички автобус синоќа удри во ѕид од тунел на автопатот Хохот-Беихаи во Шанкси, објави новинската агенција Синхуа.
Спасувачките сили излегле на местото на настанот, а истрагата за причините за несреќата е во тек.