Осум лица се префрлени во болница, а четворица се во критична состојба по метежот синоќа на влезот на концертна сала во Лондон, извести утрово полицијата.
Полицијата била повикана синоќа во 21.35 часот по дојавите дека голем број луѓе се обидувале насилно да влезат во концертната сала во областа Брикстон, каде што се одржувал концерт на нигерискиот уметник Асаке.
Осум лица се пренесени во болница, а четворица се во „критична“ состојба, соопшти Скотланд Јард.
На лице место биле санирани две полесни повреди.