Чествување на Ацо Шопов, по повод 40 години од неговата смрт

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 13 декември 2022 година во ЈУ Градска Библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје, со почеток во 12.00 часот, ќе се одржи Чествување на Ацо Шопов, по повод 40 години од неговата смрт.

Ацо Шопов е еден од основачите на современата македонска поезија. Роден е во Штип на 20 декември 1923 година. Бил уредник на литературните списанија „Иднина“, „Нов ден“, „Современост“, директор и главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Кочо Рацин“. Бил активен учесник во Народно ослободителната војна, претседател на ДПМ, претседател на Советот на СВП, претседател на Републичката комисија за културни врски со странство. Бил амбасадор во Сенегал, член на МАНУ, член на Македонскиот ПЕН центар и член на ДПМ од неговото основање.

Ацо Шопов е автор на првата повоена книга објавена на македонски јазик во слободна Македонија „Песни“ во 1944 година. Неговото огромно творештво опфаќа 15 книги поезија, 17 поетски избори на македонски јазик и 21 поетски избори на странски јазици. Добитник е на 9 книжевни и опшстествени награди. Починал во 1982 година.

За великанот на современата македонска поезија ќе зборуваат д-р Веле Смилевски и д-р Марина Мијаковска. Настанот ќе го води и воведен збор ќе има Братислав Ташковски, а стихови од Шопов ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.

Share This Article