More

    Чешка ја совлада Македонија со 2:1

    spot_img

    Македонската фудбалска репрезентација загуби од Чешка на гостински терен со 2-1 (0-0) во пријателски натпревар одигран вечерва во Храдец Кралове.

    Чешка, која се подготвува за настап на претстојното Европско првенство, целосно доминираше на теренот во првите 45 минути, но во предност дојде по еден час игра кога Шик го совлада Димитриевски од пенал.

    Македонија ја анулираше негативата само пет минути подоцна преку Алими, откако во истата акција претходно Трајковски ја погоди стативата.

    До крајот на средбата Чепка дојде до победата со уште еден гол од пенал, кој во деветтата минута од судиското продолжение го реализираше Барак.

    Селекторот Благоја Милевски не сакаше да коментира за судењето, иако беше очигледно дека Чешка имаше значителен „попуст“ поради судиските одлуки.

    – Не би сакал да ги коментирам пеналите. Тоа е работа на судиите и на ВАР. околу моите впечатоци од мечот, честитки за моите момци, посебно за второто полувреме. Имавме некои корекции кои ги направивме на полувремето во кое не функциониравме како што треба. Жалам што не почнавме да играме малку порано на таков начин, ни недостига малку поголема самодовербата со топката во нога. Играта на Чешка се базира на трка и на сила и на тоа требаше да одговориме. Во поголемиот дел од мечот сум задоволен како го направивме тоа, но кога ја имавме топката, требаше да бидеме малку похрабри – изјави Милевски.

    Во првиот од двата јунски пријателски натпревари против селекции кои се подготвуваат за настап на Европското првенство во Германија, избраниците на селекторот Благоја Милевски беа поразени пред една недела од Хрватска во Риека со 3-0.

    За македонската репрезентација, пак, дуелите против Чешка и Хрватска беа подготовка за настапот во Лигата на нации во која во септември, октомври и ноември ја очекуваат пресметките со Ерменија, Фарски Острови и Летонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img