Во дербито на деветтото коло на англиската Премиер лига, Челзи и Арсенал ремизираа 2:2 на Стемфорд Бриџ.
Се играше во многу тешки услови поради силниот дожд, а домашните поведоа по само 13 минути игра. Вилијам Салиба несмасно ја закачи топката со рака, а Крис Каво го провери ударот и покажа на белата точка.
Кол Палмер беше сигурен од белата точка.
Палмер имаше одлична шанса и во 30. минута, но топката отиде против самата статива.
Само што започна вториот дел, сините го постигнаа вториот гол. Микаило Мудрик одлично ја прими топката и упати одличен, а најважно за својот тим, исклучително прецизен удар од далечина.
А потоа работите се свртеа и нападите на Арсенал конечно вродија со плод. Со многу среќа Деклан Рајс од работ на шеснаесетникот во 77. минута ја испрати топката директно до голманот. Се чинеше дека ништо нема да дојде од овој обид, но голманската грешка му донесе гол на Арсенал.
А потоа во 84. минута Леандро Тросард ја затресе мрежата на домашните по добрата асистенција на Букаја Сака.
Само две минути по израмнувачкиот гол, Арсенал промашува зицер за целосен пресврт. Еди Нкетија го промаши голот од шеснаесетникот.