Американски конзорциум на чело со бизнисменот Том Боли официјално ја презеде сопственоста врз англискиот прволигаш Челси, соопшти денеска лондонскиот клуб.
– Фудбалскиот клуб Челси може да потврди дека синоќа е склучен конечен договор за продажба на клубот на конзорциумот Тод Боли/Клирлејк Капитал (Clearlake Capital). Се очекува трансакцијата да биде комплетирана в понеделник, соопшти Челси.
Американскиот бизнисмен Боли уште на 7 мај го договори купувањето на Челси за сума од 4,25 милијарди фунти (4,97 милијарди долари) од досегашниот сопственик Роман Абрамович.
Челси беше во сопственост на рускиот олигарх 19 години и за тој период освои вкупно 21 трофеј, вклучувајќи и две титули во Лигата на шампиони.