More

    Часовникот на апокалипсата или судниот ден и годинава, како и минатата, е на 90 секунди од полноќ, што симболично го означува крајот на човештвото

    spot_img

    Часовникот на апокалипсата или судниот ден и годинава, како и минатата, е на 90 секунди од полноќ, што симболично го означува крајот на човештвото, објави непрофитната организација „Билтен на атомски научници“ која секоја година ги приспособува стрелките во согласност со случувањата во светот.

    Организацијата соопшти дека светот се наоѓа во момент на историска опасност и оти застрашувачките трендови продолжуваат да го насочуваат кон глобална катастрофа.

    „Војната во Украина и се поголемото потпирање на нуклеарната технологија го зголемуваат ризикот од нуклеарна ескалација. Кина, Русија и САД трошат огромни суми за да ги зголемат и модернизираат своите нуклеарни арсенали, со што придонесуваат за секогаш присутната опасност од нуклеарна војна која би избувнала по грешка или погрешна проценка“, соопшти НВО БАС.

    Часовникот на апокалипсата беше создаден кусо по почетокот на Студената војна и редовно се ажурира од 1947 година од страна на научниците од БСА од Универзитетот во Чикаго. Научниците ја користат аналогијата на одбројување до полноќ за да предупредат на опасностите од нуклеарни, еколошки и технолошки закани.

    Во соопштението се посочува дека 2023 година донесе температурен рекорд за планетата Земја, со тешки поплави, шумски пожари и природни катастрофи поврзани со климата кои погодија милиони луѓе.

    Овогодишните и минатогодишните 90 секунди се најблиску до полноќ што ја симболизира апокалипсата. Од 1947 година, стрелките беа најблиску до две минути, па дури и во текот на 1980-тите, кога САД и Советскиот Сојуз распоредуваа нуклеарно оружје во Европа, беше помеѓу три и четири минути до симболичната полноќ.

    Меѓу соработниците на групата има голем број нобеловци, а меѓу поранешните соработници, меѓу другите, се Алберт Ајнштајн, Роберт Опенхајмер, Лео Силард и други.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img