More

    Бурата Ананас Експрес коси во Калифорнија, а се очекува да продолжи во наредните 48 часа

    spot_img

    Бурата Ананас Експрес коси во Калифорнија, а се очекува да продолжи во наредните 48 часа, пишува Скај Њуз. Американските метеоролози ја именуваа така затоа што доаѓа од Хаваи. Според веб-страницата poweroutage.us речиси 900.000 луѓе останале без струја во вчерашното невреме, а издадено е предупредување за можно откорнување дрвја и далноводи.

    – Ова може да биде историска бура. Очекуваме немилосрдни ветрови, грмотевици, дури и торнада – рече градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас.

     

     

    Надзорничката на округот Лос Анџелес, Линдзи Хорват ги повика луѓето веднаш да заминат.

    Иста таква бура веќе ја погоди Калифорнија минатата недела. Бурите се случуваат токму на време за Греми наградите, на кои многу познати личности се собраа во Лос Анџелес, пишува Скај Њуз.

    Гувернерот Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во градовите Лос Анџелес, Оринџ, Риверсајд, Сан Бернардино, Сан Диего, Сан Луис Обиспо, Санта Барбара и Вентура.

    – Ова е сериозна бура што може да има опасен и потенцијално смртоносен ефект. Ве молиме внимавајте на предупредувањата на локалните власти. Тој додаде дека Калифорнија е подготвена за невремето. Подготвија рекорден број интервентни тимови – рече тој.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img