More

    Бугарските фашисти на денешен ден му се одмаздиле на 24-годишниот Лазо Лавски

    spot_img

    На денешен ден, на 2 март 1942, движејќи се од Кавадарци кон Прилеп, кај Плетвар, во заседа организирана од бугарските фашисти, обидувајќи се да го пробие нивниот обрач, загинува Лазо Филипов – Лавски, еден од првите македонски партизани.

    „Лавски ги даде своите 24 години, ја даде својата младост за слободата на Македонија. Вечна ти слава хероју македонски, ти голем Македонец!“ – напиша македонското здружение во Бугарија ОМО „Илинден Пирин“ на Фејсбук по повод годишнината од неговата смрт.

    „Лазо Филипов – Лавски е Македонецот, кој на 8 септември 1941, прв убива бугарски фашист во Вардарскиот дел на Македонија. Голем е бројот на Македонци кои го дале животот за нашата слобода, а ние денес не ги знаеме ни нивните имиња. Еден од нив е и Лавски“ – пишува здружението.

    Овој македонски партизан и првоборец-посветеник на слободата на Македонија е роден е на 6 април 1918 година во селото Мрзен Ораовец, Кавадаречко. Рано останува без мајка. Тешкиот живот го принудува заедно со татко му да се пресели во Прилеп каде завршува основно образование. Набрзо го напушта Прилеп и еден период живее во Градско (Велес) каде работи во една пекара. Во Велес доаѓа во контакт со тамошните револуционери и од тој момент започнува неговиот бурен живот. Станува член на работничкиот синдикат, кој е предвесник на идното партизанско движење во Македонија.

    Во 1941 започнала бугарската фашистичка окупација на Македонија, а Лавски веднаш се вклучил во македонскиот отпор против бугарските фашисти. Бил задолжен за собирање оружје и подготовки за борба. Едно од складиштата за оружје била неговата куќа. Деноноќно работел на подготовките за борба против новите окупатори – Бугарите. Кон крајот на август 1941, добива задача да го испита Богомилскиот тунел под планината Бабуна, кој требало подоцна да биде миниран.

    На 8 септември 1941, Лавски тргнува заедно со уште тројца партизани, но кај тунелот наидуваат на бугарска стража. Бугарскиот стражар им побарал лични документи, но наместо документи Лавски го извадил револверот и го убил стражарот. Тоа е првиот убиен бугарски фашист во Вардарскиот дел на Македонија. На 12 септември 1941 Лавски е еден од седуммината партизани кои ја формираат Првата партизанска чета во областа Будимаш на Селечка планина. При крајот на октомври 1941, со само 23 години станува заменик командант на партизанскиот одред „Гоце Делчев“. На првиот партизански митинг во Македонија на 7 ноември 1941 Лавски држи говор пред селаните.

    После растурањето на одредот заминува во илегала, а на почетокот на 1942 работи на подготовките за формирање на нов партизански одред. Во јануари и фебруари Лавски е постојано во обиколка на околните села и ги организира доброволците за новиот одред. На 2 март 1942, движејќи се од Кавадарци кон Прилеп, Борка Талески и Лазо Филипов – Лавски паѓаат во бугарска заседа кај Плетвар. Започнуваат престрелка со Бугарите и тргнуваат да се пробијат низ обрачот, но во нерамна борба и двајцата се убиени.

    Лавски на 24 години ја даде својата младост за слободата на Македонија. Единаесет години по неговата смрт, на 9 октомври 1953, Лавски е прогласен за народен херој на Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img