More

    Бугарски професор без ракавици ја протресе македонската тема на бугарска телевизија

    spot_img

    Бугарите во Македонија немаат потреба да бидат внесени во Уставот на Република Северна Македонија, туку само неколку десетици активисти кои се длабоко поврзани со еден партиски штаб што се наоѓа на улицата „Пиротска“ бр.5 – рече бугарскиот професот по историја Димитар Атанасов во настап на емисијата „Добро утро, Европа“ на Еуроњуз Бугарија. Тој алудираше на партијата ВМР-БНД на Красимир Каракачанов, која има штаб на таа адреса во Софија.

    – Прво, сакам да прашам кој има полза од впишување на Бугарите во Уставот на РС Македонија? Бугарите во Бугарија, Бугарите во Северна Македонија, или некои други? Тврдам дека интерес има само една посебна група која се нарекува Бугари-те, но тие се всушност Бугари, кои ни оддалеку не ги претставуваат сите Бугари во Северна Македонија, туку само мал дел од нив. Еве во што е проблемот, според мене. Според Уставот на Република Северна Македонија, етничкото присуство автоматски се претвора во политичко претставување, кое што носи одредени политички права.Тоа значи дека, доколку се внесат во Уставот тие неколку илјади луѓе, според последниот попис, кои се изјасниле како Бугари, автоматски ќе добијат политичко претставување, што води до институционална моќ. Од оваа институционална моќ имаат корист неколку десетици Бугари кои се длабоко поврзани со партиски штаб во Бугарија на улица „Пиротска“ бр.5 – рече Атанасов.

    Според него, на Бугарите во Република Северна Македонија (РСМ) не им е потребно нивно вклучување во Уставот на земјата, туку еднаквост пред законите.

    – Она што функционира е нивото на граѓански права. Што ако влезат Бугарите во Уставот, а и понатаму се третирани како граѓани од втор ред – праша Атанасов.

    Според него, од Скопје се иницирани одредени акции, но тие сè уште не се доволни.

    Видовме дека се направи уште еднo фрлање лопати меѓу Куманово и Гуешево, ова е позитивен чекор. Во РСМ веќе се гради експресен пат кој во одреден момент може да стане автопат кој ќе ги поврзува граничниот премин „Деве Баир“ и Скопје. Тоа во целост би било во корист на двете држави, бидејќи како што гледаме – таму каде што има автопат, каде што се зајакнува комуникацијата, конфликтите во одреден момент почнуваат да стивнуваат, односно кога економскиот фактор позитивно ќе интервенира – коментира историчар.

    Тој истакна дека во моментов чешкото претседателство со ЕУ презела иницијатива да го олесни контактот меѓу Бугарија и РСМ во врска со историскиот наратив.

    – Таму има одреден напредок, но дали само на РС Македонија ли ѝ треба промена на историските книги? Нашите вообичаени изјави ги земаме здраво за готово, токму затоа што сме родени и израснати со нив и тие се дел од нашиот информативен фонд, во чие создавање на ниту еден начин не сме учествувале. Меѓутоа, ако погледнеме подлабоко, голем дел од бугарскиот наратив за Македонија почива на ненаучни основи. Тоа е поврзано со пропагандата од крајот на 19 и првата половина на 20 век, според која Македонија треба да се распарчи меѓу одредени балкански земји, меѓу кои како главна се гледа Бугарија, Но, сега ситуацијата е многу поинаква, многу одамна помина тоа време, и ништо не најавува дека тоа ќе се врати. Затоа, првото кон кое треба да се стремиме не е дали РСМ исполнува некакви услови, туку дали бугарската политичка и академска елита потпомага бугарската држава да заземе една доста поадекватна позиција, од гледна точка на современата наука, кога говори за историјата. Да не се залажуваме, ние немаме начини да влијаеме на случувањата во Скопје, но врз тие во Софија имаме – укажува Атанасов.

    Тој истакна дека премиерот на РСМ Димитар Ковачевски се оградил од отворањето на клубот во Благоевград кој го носи името на поетот Никола Вапцаров. На прашање дека во Благоевград беа и официјални претставници на РС Македонија, како претставник на кабинетото на претседателот Стево Пендаровски, Атанасов укажа дека и премиерот Кирил Петков беше на отворање на клубот „Иван Михајлов“ во Битола. А тој клуб, посочи историчарот, е именуван по историска личност која е неприфатлива за македонската страна.

    На прашање дали отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ е провокација, тој рече дека „за тоа нема дилеми“, па и со изборот на неговото име, но додаде дека тоа е дел од провокативната атмосфера која се создава од двете страни на границата.

    – Како што Красимир Каракачанов беше на откривањето на клубот во Битола, така Христијан Мицкоски беше во Благоевград, дејствијата се апсолутно реципрочни, гледаме дека, како што едната партија со кратенката ВМРО во името, се храни од конфликтот и стекнува политички поени, така и другата партија од другата страна на границата прави апсолутно симетрични потези. Доколку не се прекине, овој, да го наречам бизнис-менаџмент на конфликтот, нештата ќе продолжат да бидат такви какви што се – од едната страна ќе има провокации, од другата ќе се враќа со иста мерка. За жал, не можам да кажам ‘колку се лоши Македонците’. Многу би сакал да кажам дека мојата држава во таа ситуација е невина, но не е – рече историчарот Атанасов.

    Според негокопликацијата започнала со тоа што заедничката комисија за историско-образовни прашања меѓу Бугарија и РСМ ѝ е дадена „под концесија на партијата од Пиротска“ 5. Според него, едно од главните лица во таа комисија е „практично партиски пропагандист“ и е заменик претседател на бугарското ВМРО.

    – Како може да претпоставиме дека таа комисија ќе работи во ситуација кога таму фигурира лице кое е партиски пропагандист – рече Атанасов.

    На забелешка дека тие историчари се докажани и угледни во својата сфера, Атанасов вели дека треба да се прави разлика помеѓу историчари и историчари.

    – Некои од тие луѓе и до ден денешен тврдат дека Македонија е Бугарска, пројавуваат неуважување кон современиот македонски идентитет, кон фактот дека македонскиот народ, македонската нација, македонскиот јазик постојат и ние немаме право да кажуваме дека тоа не е така. Како што јас немам право да ви речам дека треба да се нарекувате поинаку од она како што се нарекувате, така и вие немате право да тврдите дека јас не сум Димитар, туку дека сум Петар на пример. Јас сум Димитар и точка по прашањето. Македонците се Македонци и не е убаво ние да тврдиме дека тие се нешто друго. Треба да прекинеме со тоа – рече Атанасов.

    На прашање на водителката дали „не треба да се каже вистината“, Атаносов праша – чија вистина? Според него, тоа е уште еден проблем, зашто уште во Договорот за добрососедство се вметна формулата „заедничка историја“

    – Таа заедничка историја, всушност, од одредени партиски централи и ним блиските историчари, за жал мои колеги, се обидоа да ја наметнат идејата дека тоа е бугарската историја, која Македонија треба да ја признае за своја и на тој начин да стане заедничка. За жал, тој национален-коминистички наратив, од кој ние произлегуваме, многу одамна е совршено изветреан, и докажано е дека е политички, а не научен инструмент. Не се обидуваме да ја запознаеме заедничката историја, туку се обидуваме да практикуваме насилие – вели историчарот Атанасов.

    Историчарот смета дека евроинтеграцискиот процес на РСМ ќе биде долг и во негови рамки Бугарија би можела да постави некои услови за Макеоднија, а и самата да одговори на ист начин. Според него, Францускиот предлог е лош за двете двете држави, но ЕУ мораше да го даде за „балканските варвари да не си направат нешто полошо“.

    Целто интервју со Димитар Атанасов на бугарски може да го погледнете на следниот линк.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img