Бугарската Влада е подготвена за одмазднички мерки доколку Холандија и Австрија наметнат вето за влез во Шенген

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бугарската Влада е подготвена за одмазднички мерки доколку Холандија и Австрија наметнат вето за влез во Шенген, изјави техничкиот премиер Гулаб Донев по средбата со министрите за внатрешни, за надворешни работи и за правда Иван Демерџиев, Николај Милков и Крум Зарков.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Донев изјавил дека сите мерки ќе бидат насочени и во одбрана на националниот интерес на Бугарија, која никогаш не се залагала за позиции на поделеност и двојни стандарди во однос на која било земја од ЕУ и очекува ист став од другите земји-членки.

Една од најблиските работи со кои Софија може да се одмазди е околу изборот на шеф на агенцијата за гранична контрола на ЕУ, Фронтекс. Холандскиот генерал Ханс Лајтенс е еден од водечките кандидати за директорското место во Фронтекс и веројатно премиерот Донев мисли на неговото именување.

Според бугарскиот технички премиер, повеќе од очигледно е дека позициите на премиерот на Холандија и на канцеларот на Австрија се диктирани од внатрешно-политички размислувања, а не од фактички идентификувани недостатоци во спроведувањето на шенгенските правила од страна на Бугарија.

Донев кажа дека има сомнежи за примена на двојни стандарди, особено од страна на Холандија.

Според него, во својата позиција, канцеларот на Австрија ги истакнал недостатоците на Шенген системот во целина, кои во никој случај не се одговорност на бугарската страна, додека премиерот на Холандија прибегнал кон недостојни сугестии, кои во Бугарија малку е веројатно дека наскоро ќе бидат заборавени. Тој потсети и на улогата на тројцата бугарски гранични полицајци кои загинаа чувајќи ја надворешната граница на ЕУ во последните три месеци.

Share This Article