More

    Бугарија ќе се откаже од барањето Бугарите да влезат во македонскиот Устав?!

    spot_img

    Не треба да бидеме изненадени доколку Софија сега привремено се одрече од барањето да се внесат Бугарите во македонскиот Устав. Вакви гласини се шират на социјалните мрежи откако македонското Собрание денеска ги усвои заклучоците за францускиот предлог, а веднаш потоа, пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку изјава на нотар истакнаа дека не постојат никакви шанси да дозволат отворање на Уставот.

    Дека може да се случи такво сценарио и дека официјална Софија навистина размислува да повлече таков потег тврдат и високи дипломатски извори кои за весникот „Нова Македонија“ велат дека Бугарија е подготвена на уште еден длабоко промислен и и тар дипломатски маневар.

    Како што објаснуваат дипломатите, а како што пренесува весникот, целта на ваквиот потег е за да издише отпорот во Македонија и многу полесно да помине потпишувањето на францускиот предлог, што практично претставува бугарска тежишна точка на интерес.

    Со согласноста и евентуалното прифаќање на францускиот предлог од македонска страна, всушност, се постигнува и вистинската цел на бугарската страна, по што сите други услови на Софија (со поддршка на ЕУ) за понатаму многу лесно би поминувале, бидејќи со францускиот предлог се заокружува и затвора формалноправната рамка каде што се стимулирани сите бугарски барања.

    „Во бугарското МНР, тивко, но интензивно, се бараат начини и се прават калкулации како Софија да направи ефикасен политички вентил за издишување на енергијата на противниците на францускиот предлог во Македонија и да ги разоружи граѓаните, кои прават сѐ поголем вонинституционален притисок. Исто така, со овој дипломатски маневар, со кој сѐ уште Софија калкулира, изворот смета дека ќе се затапи сечилото на позициите на некои од политичките лидери во Македонија, кои сѐ уште се тврди со ставовите дека нема да ги дозволат уставните измени по никоја цена! Поаѓајќи од фактот дека веќе уставните измени како став влегоа во агендата на некои политички лидери и стануваат приоритет да ги спречат, на овој начин и со овој бугарски маневар, како што тврдат бриферите, Софија смета дека на одредени македонски политички лидери би им ги одзеле адутите на нивниот отпор. Дипломатско-политичката итроштина на Софија, Европа би ја сметала како уште еден добронамерен добрососедски потег на Бугарија и обид за релаксирање на наелектризираните состојби во Македонија и нивен демократски придонес за отпочнување на преговорите со ЕУ“, пишува весникот „Нова Македонија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img