More

    Бугарија ја врати таксата за дезинфекција на границата со Турција

    spot_img

    Транспортна асоцијација БЕСТ Мобилити – НТА денеска укажа дека македонските патни транспортери се соочуваат со проблеми во работењето при патните превози преку Бугарија, на нејзиниот граничен премин со Турција, Капитан Андреево – Капикуле, каде што бугарските гранични органи повторно ја воведоа непопуларната мерка дезинфекција на возилата. Асоцијацијата бара итна реакција и интервенција од надлежните органи поради штетите за превозниците  поради забавениот транспорт на стоките.

    Покрај директниот трошок (од 20 евра по возило), посочува асоцијацијата, оваа мерка, на сите превозници, кои минуваат тука им носи и многу поголема индиректна финансиска штета со зголеменото време на чекање и на минување на границите, што се одразува на вкупното времетраење на нивните транспорти на стоки.

    Тоа, посочуваат, редовно се пролонгира токму поради хаосот што се создава со воведувањето на мерката, што според некои најави ќе следи и на сите други бугарски гранични премини. Ова, пак, се заканува да резултира со реципрочни мерки од соседите на Бугарија, при што Турција, но и Грција веќе бараат начини и како нивните транспортери да ја заобиколат.

    – Оваа неприфатлива мерка и нова обврска, која неодамна ја воведе Бугарија за дезинфекција на возилата на граничните премини, која засега се применува само на граничниот премин Бугарија-Турција, Капитан Андреево – Капикуле, не само што предизвикува значителни дополнителни трошоци за нашите превозници, туку и го зголемува времето на чекање на границите, што е неприфатливо за нашиот транспортен сектор – изјави Оливера Миовска, претседателка на транспортна асоцијација БЕСТ Мобилити – НТА.

    Информирајќи ги македонските надлежни органи за овој проблем, Миовска посочува дека постои официјална информација дека оваа мерка наскоро ќе се применува на сите бугарски гранични  премини.

    – Со оглед на тоа дека оваа практика беше прекината по долгогодишна борба на превозниците пред 15 години, а сега повторно се воведува, евидентно е дека е потребна брза и одлучна реакција од сите нас. Претставниците на турските и грчките превозници веќе размислуваат за алтернативни транспортни коридори, што само укажува на сериозноста на ситуацијата и потенцијалот за економски и логистички последици при регионалната размена. Македонските превозници, кои често ја користат оваа рута, се соочуваат со истите последици и се подложни на новите оптоварувања наметнати од Бугарија. Како претставник на македонските транспортери на национално и меѓународно ниво, а и како потпретседател на БСЕЦ-УРТА, сме согласни дека оваа неправедна и оптоварувачка мерка треба да биде укината што е можно поскоро – вели Миовска.

    Миовска потенцира дека е неопходна брза реакција и интервенција и на нашите надлежни органи за да се реши и коригира оваа ситуација, за која, како одговор Турција веќе воведе реципрочни мерки, само за тој граничен премин и само за бугарските возила.

    Според БЕСТ Мобилити – НТА, дека состојбата може да ескалира дополнително поради повторното воведување на оваа мерка од бугарска страна зборува и фактот дека пристигнуваат жестоки реакции и од меѓународните фактори, како Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ, најстарата и најголемата транспортна асоцијација на патните превозници во светот, со седиште во Женева, а неодамна и од БСЕЦ-УРТА, Унијата на патни транспортни асоцијации во регионот на економска соработка на Црното Море.

    БЕСТ Мобилити –НТА е нова македонска национална транспортна асоцијација која e  единствен член во Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ од државава, а со тоа и национален гарант за ТИР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img