Будимпешта „згрме“ кон Киев, да се запре со злосторствата врз Унгарците!

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тензиите во односите меѓу Украина и Унгарија беа предизвикани по дискусиите за Законот за образование на Украина.

– Угнетувањето на унгарското национално малцинство во украинска Закарпатија е неприфатливо – изјави државниот секретар за билатерални односи во унгарското Министерство за надворешни работи, Тамаш Менчер, кој ги повика локалните власти да престанат со прогонот на Унгарците.

Менчер се огласи откако, според медиумите, унгарските знамиња беа отстранети од јавните институции во градот Мукачево во областа Закарпатија во Украина и во локалните села. Како што беше соопштено, разрешени се и неколку раководители на унгарски институции, блиски до Заедницата на унгарската култура.

– Антиунгарските одлуки и постапки се неприфатливи. Ние го осудуваме тоа што се случи. Ги повикуваме локалните власти веднаш да престанат со злосторствата врз Унгарците. Ги повикуваме државните органи на Украина веднаш да направат се за да ги укинат антиунгарските одлуки и се да се врати во претходната состојба – напиша Менчер на социјалните мрежи.

Според него, Унгарија очекува дека „украинските лидери ќе направат сѐ за да се одржи стабилноста во Закарпатија“, и покрај конфликтот во таа земја. Тој исто така додаде дека Будимпешта „не разбира како антиунгарските одлуки и акции и помагаат на Украина“ во актуелниот конфликт.

– Ако Украина сака да биде членка на Европската унија, постојано и систематско угнетување на националната заедница и одземање на нејзините права е неприфатливо – додаде Менчер.

Тој нагласи дека досега инцидентите се случиле само во Мукачево и неговата околина, а истовремено изрази надеж дека антиунгарските мерки нема да бидат случај и во некои други делови на Закарпатија.

Претходно, народниот правобранител за заштита на украинскиот јазик Тарас Кремин изјави дека има проблеми со организирање настава на украинскиот јазик во училиштата во регионот Закарпатија во Украина, каде што живеат многу етнички Унгарци.

- Advertisement -
Ad image

Во октомври 2022 година, властите на градот Мукачево во областа Закарпатија во Украина одлучија да ги уништат унгарските симболи – споменикот на птицата Турул лоциран во замокот Паланок, и да го заменат со украинскиот трозабец. Шефот на унгарското Министерство за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека ќе биде изразен протест до претставникот на украинската амбасада.

Тензиите во односите меѓу Украина и Унгарија беа предизвикани од дискусиите за украинскиот Закон за образование, кој значително ја намалува можноста за образование на јазиците на националните малцинства. Законот стапи на сила на 28 септември 2017 година и требаше постепено да се применува до крајот на 2020 година. Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто изјави дека Унгарија ќе продолжи да го блокира одржувањето на министерската седница на комисијата Украина-НАТО, бидејќи нема напредок во решавањето на прашањата што ја засегаат Будимпешта.

Share This Article