Бројот на загинати во Газа од почетокот на војната се искачи на 10.022, според извештајот на Министерството за здравство во појасот Газа кое го води Хамас. Меѓу жртвите дури 4.104 се деца.
Израелските одбранбени сили вчера извршија 450 напади во енклавата, која исто така е изложена на проширена копнена офанзива.
Последните податоци на УНРВА покажуваат дека повеќе од 700.000 луѓе се раселени од 7 октомври, кога борците на Хамас го нападнаа Израел.