More

    Брод со оружје за Израел нема да влезе во Црна Гора

    spot_img

    Бродот „МВ Катрин“ под португалско знаме, кој носи експлозив наменет за Израел, нема да влезе во пристаништето Бар, како што беше претходно предложено, објави порталот на Радио-телевизија на Црна Гора, повикувајќи се на добро информирани извори.

    Црногорскиот јавен сервис соопшти дека бродот ќе биде испратен во Хрватска, а во меѓувреме е повлечено барањето кое претходно беше доставено до црногорската страна.

    Амнести интернешнал ги повика Словенија и Црна Гора да го спречат бродот „МВ Катрин“ да се закотви во нивните пристаништа, објаснувајќи дека постои јасен ризик овој товар да придонесе за воени злосторства во Појасот Газа.

    Според информациите од Владата на Намибија и португалскиот министер за надворешни работи, „МВ Катрин“ носи експлозив наменет за Израел.

    Во август, намибиските власти одбија да му дозволат на бродот да влезе во главното пристаниште во земјата, повикувајќи се на тврдењето на неговиот оператор дека товарот вклучувал осум контејнери со експлозив „РДХ хексоген“ наменети за Израел“, соопшти Амнести интернешнал.

    Организацијата додава дека во изјавите од канцелариите на словенечкиот премиер и на португалскиот министер за надворешни работи претходно било навестено дека бродот патувал за Црна Гора и словенечкото пристаниште Копар, каде требало да го истовари својот товар.

    А Движењето за Палестина соопшти дека сопственикот на бродот „Катрин“ кој носи експлозивен материјал за Израел побарал од Португалија да го повлече своето знаме.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img