More

    Брнабиќ: Ми се чини дека Вучиќ успеа да ја отстрани заканата од санкции во Гранада

    spot_img

    Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека и се чини дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ успеал да ја отстрани непосредната опасност од воведување санкции кон Србија.

    „Најважната порака до сите наши граѓани е дека претседателот Вучиќ во Гранада успеа да се погрижи Србија да биде зачувана“, рече Брнабиќ во утринската програма на ТВ Пинк.

    Таа оцени дека времињата се уште се тешки и дека кризата не поминала, дека притисоците доаѓаат од регионот, пред се од Хрватска, да се искористи ситуацијата на Косово за воведување санкции кон Србија.

    Брнабиќ рече дека по инцидентот во Бањска на 24 септември, Приштина започнала лавина дезинформации за да ја искористи трагедијата за воведување санкции кон Србија, но дека Вучиќ успеал да ја запре таа лавина и да ја стабилизира ситуацијата.

    Таа додаде дека Приштина е во дипломатска офанзива и бара санкции, но дека тоа не е изненадување.

    Брнабиќ е убедена дека „на сите им е јасно“ дека Србија ги осудува сите форми на насилство и дека е за мир и стабилност, додека косовскиот премиер Аљбин Курти генерира насилство врз Србите на Косово кое поминува неказнето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img