More

    Британци се напиле и се испотепале, пилотот се налутил и принудно го слетал авионот

    spot_img

    Во авион на Рајанер кој летал кон Канарските острови дошло до тепачка за што авионот морал да слета во Португалија, а насилниците кои им пречеле на останатите патници биле приведени од полицијата, пишува Дејли мејл.

    Мажот, за кој се верува дека е Британец, бил однесен од десетина португалски полицајци додека другите патници гледале во шок.

    Еден од патниците кој ги снимил шокантните сцени го опишал настанот.

    – Имаше група мажи кои се чинеше дека пиеле и малтретирале некои патнички. Кога работите почнаа да излегуваат од контрола, еден од стјуардите се обиде да интервенира и на крајот беше соборен на подот. Тогаш капетанот ги предупредил дека таквото однесување нема да се толерира и доколку не престанат, тој ќе го пренасочи авионот кон Португалија – изјавил патникот, пренесува Дејли Меил.

    Но хаосот не престанал, па патниците биле известени дека ќе слетаат за 20 минути.

    – Човекот кој се тепаше прво доброволно излегол, но поради некоја причина се вратил во авионот, а потоа полицијата насилно го отстранила и го однела во затвор. Полицијата ја приведе целата група. Беше прилично шокантно да се види. Сите сме малку потресени – велат патниците.

    На видеото снимено во авионот може да се видат патниците како зачудено гледаат и снимаат додека полицијата го влече човекот кон излезот.

    Со оглед на тоа дека им пружал отпор, полицајците морале да употребат присилни средства и буквално да го извлечат од авионот.

    Додека насилникот бил изведен надвор, патниците воодушевено аплаудирале.

    „Збогум, другар!“, се слуша како еден маж вика, додека една жена додава: „Браво!“

    Друго видео покажува цела група луѓе кои стојат на пистата откако исто така биле исфрлени од авионот.

    Летот на Рајанер летал од Лондон до Канарските острови кога бил пренасочен. Властите во Португалија допрва треба да дадат официјален коментар, но еден добро упатен инсајдер рече дека сите вклучени во инцидентот се Британци.

    Авионот го напушти аеродромот Лутон во Лондон во 8 часот наутро и требаше да слета во Ланзароте во 12.15 часот по локално време.

    Меѓутоа, наместо тоа, тој бил пренасочен на португалскиот аеродром и слетал во Фаро во португалската област Алгарве околу 10.50 часот по локално време, а полицијата се качила во авионот веднаш по слетувањето, пишува Јутарњи.

    Рајанер им се извини на патниците: „Се извинуваме што вашиот лет, FR3511, од Лондон Лутон до Ланзароте на 19 јануари 2024 година неочекувано беше пренасочен кон Фаро. Ќе дадеме се од себе за да го надоместиме доцнењето“.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img