Британските власти издадоа предупредување за опасност по живот од бурата „Ентони“, што е придружена со силен дожд и силен ветер и напредува над делови од Обединетото Кралство

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Британските власти издадоа предупредување за опасност по живот од бурата „Ентони“, што е придружена со силен дожд и силен ветер и напредува над делови од Обединетото Кралство.

Во сила е портокалова тревога во југозападна Англија и Велс до 19 часот (18 часот по средноевропско време).

Во меѓувреме, денеска до 20 часот е издадено жолто предупредување за невообичаено ветровито време за јужните делови на Велика Британија.

Истото ниво на предупредување, но за невреме со грмотевици, ќе биде во сила до 22 часот во југоисточниот дел на Англија.

Жолто предупредување за дожд е во сила до 16 часот за југоисточна Шкотска.

Според метеоролозите ветерот ќе достигне брзина до 110 километри на час долж брегот.

Share This Article