More

    Бремена жена починала откако била застрелана во грбот од нејзиниот двегодишен син во американската сојузна држава Охајо

    spot_img

    Бремена жена починала откако била застрелана во грбот од нејзиниот двегодишен син во американската сојузна држава Охајо, соопшти полицијата. Триесет и едногодишната Лаура Илг сè уште била свесна кога полицајците одговориле на нејзиниот повик. Илг, која била во 34-та недела од бременоста, се јавила на 911 минатиот за да пријави дека нејзиното дете случајно ја повредило откако и го дофатило нејзиниот пиштолот.

    Нејзиниот сопруг потврдил дека му се јавила и сопругата, која врескала и му кажувала да повика полиција. Полицијата објави повик во кој се слуша како Илг избезумено моли за помош.

    Полицајците пристигнале на местото на настанот три минути по првиот повик и насилно влегле во куќата, пренесува Sky News.

    -Лаура е пренесена во медицинскиот центар „Фишер Титус“, каде што и е извршен итен царски рез, соопштија од полицијата.

    Полицајците го пронашле пиштолот, заедно со чаурата и наполнет магацин. Илг и нејзиниот сопруг им рекле на властите дека пиштолот го чувале во нивната спална соба. Во куќата биле пронајдени и една сачмарка и пиштол „аирсофт“.

    Сè уште никој не е обвинет за убиството, а полицијата соопшти дека наодите од истрагата ќе бидат проследени до локалното обвинителство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img