More

    Бред Пит ја продаде куќата во која живееше со Анџелина Џоли

    spot_img

    Холивудскиот актер Бред Пит го продаде својот имот во населбата Лос Фелиз во Лос Анџелес, каде што живееше со поранешната сопруга Анџелина Џоли и нивните деца. За куќата, што првично ја платил 1,7 милиони долари, тој постигнал цена од 39 милиони долари, пренесува ТМЗ.

    Имотот е првично проценет на 45 милиони долари, во јануари. Не е познато што предизвикало пад на цената. Имотот којшто се простира на речиси 4.000 квадратни метри има сала за бал, домашно кино, тениско и скејт-игралиште, базен, гаража, помошна куќа и езеро. Куќата ја купил во 1994 година од Касандра Петерсон и со текот на времето ја проширил градината купувајќи повеќе околно земјиште исполнил просторот со сиве овие разни полиња за активности. Интересно е тоа што кога го купувал имотот на познатата хорор-икона „Елвира“, актерката тврдела дека нејзиниот дом „бил опседнат“.

    Бред Пит живеел тука со семејството до нивното разделување во 2016 година, па сега, наводно, сака да се пресели заради својата нова девојка – дизајнерката за накит Инес де Рамон.

    Новопечената двојка се заедно од ноември. А, според „Дејли мејл“ и извор близок до ѕвездата, Бред ја запознал Инес „со повеќето“ од шесте деца што ги има со Анџелина – Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Нокс и Вивиен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img