Бразилскиот фудбалер, член на познатиот клуб, на полицијата и раскажал се што се случило.
Бразил беше шокиран од веста за смртта на една млада девојка по сексуалната врска со Димас Кандидо де Оливеира Фиљо.
Споменатиот 18-годишен фудбалер на младинскиот тим на Коринтијанс ноќта ја поминал со 19-годишната Ливија Габриеле, која починала откако се сретнала со него.
Споменатата девојка доживеала срцев удар при сексуален однос. На неа и се слошило откако видела дека и тече крв од гениталиите.
Познати нови детали
За овој случај пишуваат многу светски медиуми, а бразилскиот Си-Ен-Ен пренесува дека младиот фудбалер денеска сведочел во полиција.
Тиаго Леноар, адвокатот на Димас изјавил дека играчот и девојката почнале да разговараат пред еден месец преку Инстаграм. И двајцата ја договорија својата прва средба тоа кобно утро.
Младата жена му кажала на своето семејство дека со пријателка оди во ресторан за да го гледа натпреварот на Коринтијанс. Таа, всушност, имала средба со Димас во станот на фудбалерот. На местото на настанот, на младата жена и се слошило и била пренесена во болница.
Според Си-Ен-Ен, фудбалерот на полицијата и рекол дека не конзумирале никаква дрога и дека сексуалниот чин бил консензуален.
Лекарите му рекле на семејството дека девојчето за кратко време имало неколку срцеви удари, но дека успеале да ја стабилизираат нејзината состојба и да го спречат крварењето од нејзините гениталии. Но смртта следеше по четвртиот срцев удар.