Бразил, Германија, Шпанија и Јужна Африка кои се дел од Групата 20 најголеми економии предлагаат да се воведе данок на милијардерите.
Според предлогот 3.000 милијардери од целиот свет ќе треба да плаќаат данок од најмалку 2%. Парите кои ќе бидат собрани од овој данок, се предлага, ќе се троши на борба против сиромаштијата и на климатската криза.
Пресметките се дека на овој начин за старт би се собрале 292 милијарди евра.
Земјите предлагачи на овој данок сметаат дека неговото воведување ќе ја намали глобалната сиромаштија и ќе има можност да се справи шоковите создадени на климатските промени и актуелните воени конфликти. Според нив, вкупниот приход од овој данок би бил доволен за справување со овие кризи.
Медиумите објавија дека САД не се против идејата, а Франција изјавила дека ќе ја поддржи.
Групата 20 земји ќе разговара за овој план во јуни.