Братучедот на Вања се изначитал грозни работи на Фејсбук поврзани со исчезнувањето на девојчето

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Иво Нешковиќ, син на Оли Нешковиќ, внук на Александар Ѓорчевски, денеска сведочеше на рочиштето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.

Како што кажа Иво, неговиот вујко Александар барал од него да му пише порака на Илон Маск и да побара од соптвеникот на „Старлинк“ да ги врати снимките од сателитите и да открие што се случило со тогаш исчезнатата Вања.

Ви ја пренесуваме комуникацијата помеѓу јавниот обвинител и сведокот:

Како комунициравте со Александар?

– Со Вибер и дискорд, тоа е алатка за комуникација на луѓе што играат игри.

Кој ве извести за Вања?

– Мајка ми Оли, ми рече Вања ја нема, дали може да помогнеш технички да го најадат телефонот локациски. Јас во тој момент не бев дома, стигнав дома околу 12 и ми требаа информации за да пристапам до телефоот на Вања. Ми се јави на зорица, ми рече имам полиција, ќе се слушнеме подоцна. Знаев дека Вања има ајфон, кои имаат големи безбедносни системи кои можат да дадат локација и на изгаснат телефон. Тие информации ги имаат само ајфон и ги даваат на држава, на службено тело. Најдовме формулари, од владин мејл ги испративме податоците. Се понудов да ми дадат пристап до комјутерот на Вања, да пребарам дали ќе најдам некоја трага. Тоа го правев првите денови. Цело време седев на интернет и ги следев сите објави. Им реков дека има грозни работи, им реков на мајка ми и на Зорица дека јас ќе бидам филтер, да не читаат сѐ. Јас им реков стресно е, јас ќе филтрирам информации. Имаше две сериозни пораки, една дека е видена кај „Мечос“, стапив во контакт со човекот… Сите овие информации ѝ ги кажував на мајка ми, а и на инспекторка која беше во тој момент во станот со мајка ми. Излезе лоша трага…

Кога се слушнавте со александар?

– Четвртокот или петокот. Сакав и претходно да го слушнам вујко ми, ама мајка ми ми рече дека е многу зафатен, со полиција цело време, бара траги.

- Advertisement -
Ad image

Каква помош побара алелсандар од вас?

– Да му пишам на Илон Маск, за Старлинк, кој има над 4.000 сателити на земјата, кои се користат за комуникација, тие нѐ снимаат. Секако барањето беше нереално, не очекував Маск да ми напише, но сепак, за да го смирам вујко ми, му пишав на Илон Маск на Икс неколку пати и му ги покажав пораките на вујко ми. Тој беше во агонија тие денови, не можам да ви објаснам во каква состојба беше. Свесен бев дека Илон Маск нема да ми одговори. Вања беше љубител на вселенско истражување и имаше слика како носи маичка со НАСА и Александар ми рече, прати му ја и оваа слика на Маск, за да види дека Вања исо како и тој ја сакаат вселената, па може ќе реши Маск да ја бара.

Што ви рече Алекдандар за неговата истрага?

- Advertisement -
Ad image

– Не зборував со него за тоа, со него имам дирекна комуникација само околу ова со Илон Маск. Не сакав да му додавам стрес со моето распрашување. Мајка ми ми рече дека само гледа снимки, не јаде и не пие.

Работеше ли Александар?

– Знам дека јануари или февруари 2023 година ја напушти работата. Како што знам имаше најдено работа и требаше да почне со работа на почетокот на 2024 година.

Како се издржуваше?

–  Од заштеда од претходно, пензијата на баба ми и сите му помагавме. Јас му префрлив 30.000 денари, август или септември, ми рече ќе ни фалат со баба ти нешто пари додека ми стигне првата плата во јануари. Претходно опремуваше стан за да го издава под кирија и јас му дадов пари да го опреми, не сакав да ми ги врати, ние сме блиска фамилија, но тој инсистираше да ми ги врати.

Што знаете за станот на Н.Н. Борче?

– Зорица му го препиша на вујко ми со договор кога ќе бидат полнолетни едниот од двата стана што ги имаат да биде на едната, другиот на другата ќерка.

Се познавате ли со Палевски?

– Не. Ни јас ни моето семејство. Сме немале комуникација.

Имаше ли Александар долгови?

– Не.

Share This Article