Далибор Д.(40), брат на еден од осомничените за убиството на 2-годишната Данка Илиќ, починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, обдукцијата на Институтот за судска медицина во Белград, објавија медиумите во Србија.
Информацијата која е пренесена од медиумите, предизвика шок во јавноста и внесува дополнителна забуна во исчезнувањето и убиството на малата Данка, која исчезна на 26 март, но досега сè уште нејзиното тело не е пронајдено.
Претходно, беше соопштено дека Далибор починал од срцев удар. Тој беше приведен на 6 април во полициската станица во Бор поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот брат кој е осомничен за убиството на 2-годишната Данка Илиќ.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Далибор Д. биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување.
Според српските медиуми, вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, покажало дека Далибор Д. починал од последиците од тепањето, чии траги биле јасно видливи и детално опишани во извештајот.
Главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Зајечар, Миодраг Цановиќ за Блиц. рс изјави дека извештајот од обдукицијата на телото на Далибор Д., братот на осомничената за убиството на Данка Илиќ, сè уште бил пристигнат, и дека не ги прочитал пишувањата на медиумите дека починал од насилна смрт.
Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор, а полицијата по 10-дневна потрага ги уапси Срѓан Ј. и Драган Д., кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа ја задавиле, нејзиното тело го ставил во багажникот на автомобилот и го однел на депонија.
Телото на девојчето сè уште не е пронајдено.