More

    Брана среде Дњепар во опасност да биде гранатирана од Украинците

    spot_img

    Проруските власти во Херсон во јужна Украина денеска соопштија дека започнала нова евакуација на населението во областа каде што украинските сили спроведуваат офанзива.

    – Ќе преселиме и префрлиме околу 70.000 луѓе кои во моментов се наоѓаат во зона на 15 километри источно на левиот брег на Дњепар – изјави прорускиот гувернер на Херсон, Владимир Салдо.

    Проруските сили минатата недела соопштија дека околу 70.000 цивили ги напуштиле своите домови во Херсон, западно на десниот брег на реката во близина на линијата на фронтот.

    Салдо рече дека е донесена одлука повторно да се евакуира населението поради опасност од можен ракетен напад на браната лоцирана на реката, пренесе Бета.

    Регионот Херсон е делумно контролиран од Русија, која во октомври го анектира делот што го освои, заедно со уште три други региони на Украина под нејзина контрола.

    Украинските сили водат офанзива за повторно заземање на регионот Херсон веќе неколку недели.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img