Во НБА синоќа се одиграа осум натпревари.
Моментално најдобриот тим во лигата Бостон Селтикс го доживеа третиот пораз во првенството. Загубија по продолжение во Шарлот 131:128. Не им помогнаа ниту 45-те поени и 13-те скока на Џејсон Тејтум. На другата страна на прагот на трипл дабл беше Ламело Бол со 36 поени, девет скока и осум асистенции.
Чикаго е во голема неволја. Биковите беа лесно поразени на домашен терен од Мајами со 118:100. Адебајо го предводеше победничкиот тим со 23 поени и 11 скока. На другата страна Никола Вучевиќ постигна 18 поени и осум скока.
Јанис Антетокунмпо одигра на највисоко ниво. Со 42 поени, 13 скока и осум асистенции беше најзаслужен за победата на Милвоки Бакс во Вашингтон 142:129.
Останати резултати: Минесота – Њујорк 117:100, Сан Антонио – Лос Анџелес Клиперс 99:124, Голден Стејт – Хјустон 121:116.