More

    Борел призна дека постои „ризик од ескалација“ доколку на Украина и се дозволи да ја нападне Русија на нејзина територија

    spot_img

    Шефот на дипломатијата на ЕУ, Џозеф Борел, призна дека постои „ризик од ескалација“ доколку се укинат ограничувањата за Украина за напади врз цели на територијата на Русија, како што претходно побара генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

    Борел најави дека министрите за одбрана на земјите од ЕУ денеска ќе разговараат за ова прашање.

    – Актуелно прашање е укинувањето на ограничувањата за употреба на оружје за таргетирање цели на руска територија, што денеска ќе го иницира Столтенберг. Некои земји носат такви одлуки (за укинување на ограничувањата). Ќе разговараме за ова важно прашање – изјави Борел.

    Според Борел, во фактот што Украина врши напади на територијата на Русија.

    – Можам да се борам против некој што се бори против мене од своја територија. Сигурен сум дека некои ќе го покренат прашањето за ескалација. Сепак, неопходно е да се балансира меѓу таквиот ризик и потребата да се одбрани Украина – изјави Борел.

    НАТО не планира да испраќа војници во Украина
    НАТО не планира да испраќа војници во Украина или да учествува во какви било воени операции, изјави генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг.
    – Нема да бидеме дел од конфликтот, да испраќаме свои сили или да учествуваме во каква било воена акција, но имаме право да и помогнеме на Украина да се одбрани – рече тој.
    Во исто време, тој не ја исклучи можноста за укинување на ограничувањата за Киев во однос на нападот на Русија со западно оружје, нагласувајќи дека таквите одлуки ќе се носат на национално ниво.

    – Кога испорачуваме оружје во Украина, тоа веќе не е наше оружје, туку украинско оружје – објасни тој.

    Во меѓувреме, белгискиот премиер се спротивстави на употребата на западно оружје за напади на руска територија. Тој изјави дека оружјето што го испорачува Брисел може да се користи само на територијата на Украина.

    Министрите за одбрана на земјите од ЕУ денеска разговараат за прашањето за нападите на територијата на Руската Федерација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img