More

    Борел: Да почнеме да зборуваме поконкретно за формирањето на две држави

    spot_img

    Треба да престанеме да зборуваме за мировниот процес и да почнеме конкретно да зборуваме за формирање на две држави – Израел и Палестина, изјави во понеделникот високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

    „Мораме да престанеме да зборуваме за мирот, мировниот процес и да почнеме поконкретно да зборуваме за процесот на формирање две држави“, изјави Борел пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, на кој една од главните теми е ситуацијата на Блискиот Исток.
    На средбата беа поканети водечки дипломати од Блискиот Исток, кои ќе имаат одвоени средби со министрите за надворешни работи на земјите членки. Претпладне тој ќе разговара со израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац, за време на ручекот со генералниот секретар на Арапската лига Ахмед Абул Геит и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фајсал бин Фархан Ал Сауд, египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри и министерот за надворешни работи на Јордан Ајман Сафади, а попладне со Министерот за надворешни работи на палестинската управа Ријад ал Малики.

    „Да почнеме да зборуваме за формирање на две држави. Важно е како ќе ги именуваме работите и отсега нема да зборувам за мировниот процес туку за формирање на две држави. Ако сме сериозни во врска со ова прашање, мора да размислиме кои се причините што го спречуваат ваквото решение да се спроведе“, рече Борел.

    Одлуката за создавање две држави, поддржани од ОН и меѓународната заедница, ја отфрлаат и израелската влада и Хамас.

    Борел предупреди на катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа.

    „Нема зборови да се опише таа ситуација со стотици илјади луѓе без ништо, без покрив над главата, без храна, лекови, под бомби“, рече Борел.

    Тој посочи дека се убиени премногу цивили. „Начинот на обид за уништување на Хамас не е решение, тој сее омраза за генерации луѓе. Ние сме свесни за тоа што е Хамас и што направи, и го отфрламе и го осудуваме. Но, мирот и безбедноста не можат да се постигнат само со воени средства, а не со овој специфичен начин на користење на воените средства“, рече шефот на европската дипломатија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img