More

    Бора Ѓорѓевиќ ќе биде погребан во Чачак, ќе добие улица и во родниот град

    spot_img

    Градоначалникот на Чачак, Милун Тодоровиќ, потврди дека музичарот Бора Ѓорѓевиќ, кој почина денеска во Љубљана, ќе биде погребан во Чачак.

    Како што пренесува Озонпрес, тој изјави дека нè напушти легендата на рокенрол сцената на Србија и регионот, маестрален и ненадминат музичар, текстописец и фронтмен на најголемиот рок бенд Рибља чорба.

    „На 72-годишна возраст почина Бора Ѓорѓевиќ, икона на Чачак и човек кој за четири и пол децении музичко творештво остави неизбришлива трага во срцата на сите генерации. Откако одамна стана бесмртен за своите Чачанци и Чачаци, тој се вброи во редот на најголемите легенди што ги родил овој град. Драг Боро, драг пријателе, ти благодарам за секоја строфа и секоја мерка со која пораснав. Ти благодарам за секој совет и добар збор, а најголема благодарност што ме сметаш за пријател. Ви ветувам во мое име и во името на сите Чачанци, а тоа веќе го знаевте, дека никогаш нема да бидете заборавени“, рече Милун Тодоровиќ.

    Тој додаде дека Чачак наскоро ќе добие улица што ќе го носи името на Бора Ѓорѓевиќ, како што рече, „улица по која ќе чекорат некои нови, идни генерации, учејќи стихови и тонови кои никогаш нема да исчезнат од нивните сеќавања“.

    Ќе ви се исполни последната желба да бидете погребани во родниот град и како што и самите кажавте, ќе се вратите на падините на Јелица за да останете засекогаш во Чачак“, рече Тодоровиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img