Вооружени напаѓачи на мотоцикли киднапираа повеќе од 280 ученици во нигерискиот град Курига. Инцидентот се случил пред училиштето пред почетокот на наставата.
Според очевидците киднапираните деца се на возраст од 8 до 15 години.
Гувернерот на сојузната нигериска држава Кадуна, Уба Сани потврди дека се киднапирани 187 средношколци и 125 основци. Тој истакна дека веќе се вратени 25 деца.
Пред неколку дена исламистичката група Боко Харам киднапираше десетици жени и деца во североисточна Нигерија додека собираа дрва за огрев.
Во 2022 година, во Нигерија беше донесен контроверзен закон за ставање крај на зголемениот број на киднапирања, што го прави исплатата на откупот казниво дело. За ова е предвидена затворска казна од најмалку 15 години, но досега никој не е уапсен.