Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во интервјуто за Тв Стар, одговарајќи на прашањето што се постигна и што беше добро во периодот пред техничката влада, појасни дека многу беше направено изминатите осум години.
„Од една полиција која имаше најнизок рејтинг во општеството, една најмрачна, нетраспарентна полиција која тепаше студенти, бркаше новинари во собрание, бркаа пратеници од гласање, полиција која не не заштити на 27 април бидејќи тогаш бев вработен во Собранието, направивме една полиција сервис на граѓаните, МВР за граѓаните ја направивме. И токму затоа денеска и секаде ќе ја носам оваа книга со мене. Ова е книга која збори за се што сме направиле изминатите години. Ова е книга со вистински вести, ова е книга која ги победува сите лажни вести и ќе Ви оставам еден примерок да ја имате во телевизијата, да ги знаете вистинските факти што се сме направиле. И штипјани и Вие сте сведоци дека најголемата и најмасовната прослава за денот на полицијата ја направивме токму во Штип, на градскиот стадион, прв пат во историјата министерството се отвори и излезе меѓу граѓаните. Тоа е нешто што никој претходно не го направил и никој не може да каже дека не сме го направиле. И сите години конкретно за Денот на полицијата сме надвор на улиците, на плоштадите заедно со граѓаните не се криеме некаде, бидејќи немаме од што да се плашиме. И така и ќе продолжи МВР мора да биде сервис за граѓаните. Ако земеме полицијата какви услови имала пред 2017 и какви има денеска, 80 објекти реконтруирани, една полициска станица моментално се гради во Аеродром најмодерна по сите светски стандарди, Управните служби во МТВ се реконстурираат, после 53 години се реконтруира училиштето во Идризово од каде што излегуваат новите полицајци, каде што ја создаваме иднината на македонската полиција. Сето тоа говори колку сме се грижеле за полицијата и за иднината на оваа држава, за безбедноста на граѓаните. Само за овие реконструкции и градби од истиот буџет кој бил и пред 2017 сме потрошиле 17 милиони евра во такви проекти. Во 2017 наследивме полиција без униформи и чевли. Сите полициски службеници од сите единици имаат нова и модерна униформа. Материјално технички средства се обезбедени, тука вложивме 14 милиони евра, зборувам пак од истиот буџет од кој тие купуваа машини за прислушкување. Ние купувавме опрема за граѓаните и кога ќе ги погледнете и статистиките и резултатите, тие се најдобри во изминатите 30 години“, истакна Бојмацалиев, додавајќи дека МВР од дното дојде до топ три институции во која граѓаните имаат доверба, институција која е транспарентна.
„И затоа слоганот МВР за граѓаните е онаа реалноста која ја зборуваме, МВР е вистински сервис на граѓаните, така и ќе биде. Ако се вратиме на она што беше актуелно изминатите денови, она спречување на акцијата на дрога, само во периодот на Спасовски имаме уапсено над 5000 луѓе. Оној бокс на, не би сакал да кажам колегата, е бокс на сите колеги кои ги уапсиле овие луѓе. Зборувам за дрога конкретно, ако земеме колку милиони евра сме тргнале од бандите, од тие банди на кои 30 години никој не им се спротивстави, 426 милиони евра вредноста дрога се тргнати од улиците,“ рече Бојмацалиев.