Бојмацалиев: Фер и слободни избори – гарантиран пат кон ЕУ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Почитувани граѓани,
Почитувани колеги вработени во Министерството за внатрешни работи,

Денеска стартува техничката Влада на Република Северна Македонија, задолжена за спроведување на фер и демократски изборен процес, а во која ја извршувам должноста дополнителен заменик министер за внатрешни работи.

Во овој контекст, сакам да ги истакнам моите и напорите на мојот тим за заштита на личните податоци на граѓаните и за зајакнување на капацитетите на полицијата, со цел обезбедување на мирен тек на изборите. Со подготвеноста и професионалноста на вработените, нашата задача е да обезбедиме транспарентен, фер и слободен изборен процес, во кој секој граѓанин ќе може слободно да го изрази своето мислење и право на избор.

Во оваа прилика, дозволете да бидам категоричен – очекувам работење исклучиво по закон од страна на вработените во МВР. Вие не должите никому ништо и очекувам да не подлегнувате на било каков притисок или уцена.

На крајот, сакам да истакнам дека спроведувањето на европски избори е одраз на нашата зрелост како демократско општество. Тоа е доказ за нашата посветеност кон демократските вредности и нашиот напредок кон Европската Унија.

Да организираме европски избори како што беа и претходните и со заеднички напори да продолжиме да градиме силна, стабилна и демократска Република Северна Македонија, со гарантиран пат кон Европската Унија.

Благодарам.

Share This Article