Богдановиќ влезе во историјата на СП и доби најдрага честитка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Богдан Богдановиќ ја предводеше својата репрезентација во големата победа против Литванија во четвртфиналето на Светското првенство во Манила.

Веќе во првото полувреме постигна 18 поени и донесе двоцифрена предност на Србија и го трасираше патот до победата. Со вкупните 21 поен постигнати на овој натпревар, Богдановиќ влезе во историјата на СП и го престигна Дражен Петровиќ на 17.место листата на најдобрите стрелци во историјата на СП со вкупно 404 поени.

Пред капитенот на Србија на вечната листа се неговите сонародниците од постарите генерации – Драган Киќановиќ на 7. место со 491 бод и Дражен Далипагиќ на 4. место со 563 бодови.

На крајот, како и на претходниот меч против Доминиканската Република, Богдановиќ го доби трофејот наменет за најдобриот играч на натпреварот.

Српскиот капитен и ја предаде наградата на неговата мајка Ковиљка која го бодри во Манила, а од неа ја доби навредната честитка – бакнеж на златната десна рака.

Share This Article