More

    Проклетството на НБА повторно го погоди српскиот кошаркар

    spot_img

    Денвер нема да ја брани титулата во НБА, а Никола Јокиќ повторно не успеа да ги спои победничкиот прстен и МВП наградата во истата сезона.
    Проклетството на НБА лигата повторно го погоди Никола Јокиќ откако тимот на Денвер испадна од шампионската трка ноќта меѓу неделата и понеделникот по поразот од Минесота (90-98) во полуфиналната мајсторка во Западната конференција.

    Денвер имаше плус 15 на полувремето (53:38), па плус 20 на почетокот на третата четвртина (58:38), но потоа дојде до потоп и најголемиот пресврт во историјата на мајсторките.

    А, Никола Јокиќ влезе во неславната историја и како уште еден во низата играчи кои ја освоија МВП титулата, без да стигнат до финалето на НБА.

    Последен што го направи тоа беше Стефен Кари во 2016 година, додека асот на Голден Стејт е и оној кој последен пат како МВП во сезоната ја освои и шампионската титула во 2015 година.

    Згора на тоа, последните пет МВП беа елиминирани во второто коло и не стигнаа ниту до финалето на конференцијата. Во 2019 година, со Милвоки, како најдобар играч во НБА, Јанис Адетокумбо успеа да стигне до финалето на Истокот – каде беа поразени од Торонто.

    Овие петмина по ред се, инаку, најдолгата суша во историјата на НБА – да се гледа финалето на Конференцијата без актуелниот МВП играч. Најлошо е што Јокиќ дури три пати го трпи „проклетството“ со оглед на тоа што го освои МВП признанието и во 2021 и 2022 година кога Денвер не стигна до шампионска титула, а лани го освои шампионскиот прствен, но не и престижната индивидуална титула.

    Јокиќ е деветтиот играч кој освоил три МВП титули во историјата на НБА, но седум од останатите осум освоиле повеќе шампионски титули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img