Богато момче од Британија загина пред очите на брат му

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Млад британски турист загина во страшна несреќа во која телото му било распарчено од пропелерите на хеликоптер, пред очите на неговиот брат, на хелидромот Спата во Грција, објави Дејли мејл.

21-годишното момчеза кое засега се знае дека потекнува од богато семејство, а неговиот идентитет сѐ уште не е откриен, синоќа полетало од Миконос со хеликоптер со уште тројца туристи, меѓу кои бил неговиот брат. Зад нив летал друг хеликоптер во кој биле нивните родители.

Момчето излегло од хеликоптерот „бел 407“ и додека пропелерите сѐ уште работеле, го заобиколило леталото. При тоа му била отсечена главата. Била повикана брза помош, но момчето било мртво.

Пилотот е уапсен со обвинение за убиство, а двајца техничари се задржани во полиција додека се истражуваат околностите за смртта на момчето.

Полицијата соопшти дека пропелерите продолжуваат да работат уште околу 2 минути откако ќе се исклучи моторот, сѐ додека пилотот не го притисне копчето стоп. Вратите на хеликоптерот немаат клуч, така што секој може да излезе кога сака. Истрагата ќе се фокусира на тоа дали пилотот им кажал на патниците да излезат.

Родителите кои биле во друг хеликоптер слушнале за несреќата преку радио врска, а нивниот пилот решил наместо во Спата, да слета на аеродромот во Атина за да ги поштеди родителите од трагичната глетка.

Семејството требало да се врати во Британија со приватен авион од аеродромот Елефтериос Венизелос во Атина. Пред хелидромот во Спата ги чекале лимузини кои требало да ги однесат на аеродромот во Атина. Се проценува дека двата лета со хеликоптер чинеле повеќе од 15.000 фунти.

Share This Article