More

    Блупринт групата остро реагира на изборот на нов претседател на местото на Дамева

    spot_img

    Судскиот совет на е на пат да го загуби целосно легитимитетот да избира, оценува и да разрешува судии, оцени Блупринт групата за реформи во правосудството.

    Оваа неформална мрежа на граѓански организации, кои во изминатите години работат и делуваат во областа на правосудството, вели дека се загрижени околу последните настани во Судскиот совет, каде членовите вчера повторно ја разрешија досегашната претседателка Весна Дамева и го избраа Сашко Георгиев да ја води оваа институција.

    „Легитимитетот на Судскиот совет, покрај од Уставот, во суштинска смисла треба да извира пред сѐ од стручноста, професионалноста и интегритетот на членовите на овој орган кои со своето познавање на правото треба да бидат пример за севкупната правосудна фела посебно кога станува збор за судии и истакнати правници. Оценувањето на работата на судии, кое претставува единствен случај на проверка на работата на носителите на власт во Република Северна Македонија од аспект на стручност и професионалност, треба да го вршат исклучиво лица кои со своето професионално искуство и знаење покажале дека се стручни и независни, а не лица кои се обидуваат да ги заобиколат законите за да остварат одредена цел која не е поврзана со правото и за која оправдано постои сомнеж за постоење на политички влијанија“, се вели во соопштението на Блупринт групата.

    Мрежата невладини организации потсетува дека четири од петте избрани членови на ССРСМ од страна на Собранието (со исклучок на Весна Дамева) беа поддржувачи на одлуката од 26.4.2023 година, која по тврдењата на Дамева е донесена по политички притисок, „со што се поставува прашањето во јавноста дали до оваа состојба во Судскиот совет дојде по основ на политички влијанија врз членовите кои не доаѓаат од редот на судиите“.

    „Овие случувања, за жал, ќе предизвикаат особено црна дамка врз правосудството во целина, иако одговорноста е пред сѐ кај членовите на ССРСМ и дополнително негативно ќе влијаат на довербата во правосудството, која и така е на незавидно ниско ниво. Упатуваме повик до сите чинители вклучувајќи ги и членовите на ССРСМ да бидат достојни за функцијата која ја вршат и да преземат мерки за утврдување на индивидуална одговорност за сторените повреди од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија“, се вели во реакцијата на Блупринт групата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img