Денеска е 14-ти ден од колапсот на Хирургија и колапсот на сиот здравстен систем во Македонија. 14-ти ден! И ден – петок. Што значи, со СДСM/ДУИ, уште најмалку 4 дена, и тоа оптимистички, проблемот ќе трае. Бидејќи за нив нели, викендот мора да се истера, има поважни работи, како внатрепартиските интриги, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Почитувани, ова е вистинското светло во коешто ќе блеснеше и иднината заедно со Европскиот фронт. 14-ти ден на колапсот на Хирургија, ден петок, а со СДСМ/ДУИ тоа значи уште најмалку една недела блокада на здравството. 14 дена. Ништо не е преземено, здравството во цела држава е во колапс. 14 дена, министерот Илир Демири ја префрла топката те на ЈО, те на колективна одговорност – владата на СДСМ/ДУИ. Од 12 директори и раководители, најголем број од нив по 7 години на таа позиција, не изустија ни збор, ниту чувствуваат одговорност, а се недопирливи за Илир Демири. Раководители по 7 години за што најмалку по два пати можеле да преземат акција да се санира Хирургија во целост. Срамно и недостоинствено, но својствено за СДСМ/ДУИ, нема грам грижа за пациенти, нема брза реакција да се санира Хирургија, ама има брза реакција за провизии за вакцини, провизии за модуларни, црна трговија со лекови за рак – рече Стоилковски.
Според него, Клиниката за хирургија е врвот на здравствениот систем, а со ова терцијалното здравство во Македонија е доведено во колапс.
– Одговорност ќе има! Имињата на одговорните ќе останат запаметени – порача Стоилковски.