More

    Блокиран извозот на жито

    spot_img

    Украина денеска соопшти дека нема да ја деминира областа на црноморското пристаниште Одеса за да овозможи извоз на житни култури, наведувајќи ја како причина за тоа заканата од руски напади врз градот.

    – Во моментот кога ќе го ослободиме пристапот до пристаништето во Одеса, руската флота ќе биде таму – рече портпаролот на регионалната администрација Сергеј Брачук во видео изјава објавена денеска на социјалните мрежи.

    Тој додаде дека Русија „сонува како падобрански трупи влегуваат во градот“ и дека московската армија „сака да ја нападне“ Одеса.

    Министрите за надворешни работи на Турција и Русија се сретнаа денеска во Анкара за да разговараат за организирање на безбедносен коридор за отпремување на украинско жито заглавено во пристаништата  поради руската блокада.

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е подготвена да овозможи безбеден премин на украинското жито.

    Брачук потенцира дека секој извоз од Одеса мора да биде во придружба на „земјите на НАТО“.

    Турција ги понуди своите услуги за придружба на поморски конвои од украинските пристаништа.

    Пред војната, Украина беше четврти најголем извозник на пченица во светот и обезбедуваше половина од светската трговија со сончогледови семки и масло.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела предупреди дека количеството жито блокирано од војната може да се зголеми тројно во рок од неколку месеци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img