More

    Близнакот на Чат ГПТ може да анализира видеа, да составува свои хипотези, има смисла за хумор…

    spot_img

    Замислете да му покажувате видеа на чат-ботот на вашиот компјутер, а тој да треба да открие што понатаму ќе се случи во снимките и притоа на духовит начин да даде коментар кој, едноставно, не сте го очекувале. Токму тоа го прави ривалот на Чат ГПТ кој се вика Џемини (Близнак) и кој го развива компанијата Гугл, како дел од проектот Дипмајнд, во превод Длабок Ум.

    Видеото кое го објави Гугл ги разбуди коментаторите на Јутјуб. Вработен во Гугл почнува да црта патка, а ботот веќе коментира дека тоа е некаква птица според првичните линии.

    „Близнакот“ Џеими ќе биде бесплатен и ќе дојде како надградба на Бард, чатботот кој веќе го разви Гугл. Според компанијата „доаѓа ерата на Близнаците“, а овој модел ќе биде најспособната вештачка интелигенција досега. Предвидено е моделот да се користи во секаков амбиент, а неговата предност е што е мултимедијален – работи со слики, текст, аудио, видео, програмски код…

    Некои портали за технологија пишуваат дека, наводно, Близнакот е пет пати помоќен од четвртата последна итерација на Чат ГПТ. Ова им се припишува на TPUv5 чиповите на Гугл, иако нивната моќ треба допрва да се мери со онаа на чиповите на NVidia, напиша Си-Ен-Ен.

    Она што е сигурно ново кај Близнакот е дека тој анализира не само текстови, туку и графикони и видеа, работи во реално време, може да составува свои научни хипотези, а разбира 57 предмети од областа на општествените науки.

    Побрзата обработка во суштина значи дека Близнаците се способни да се справуваат со сложени задачи со релативно лесно. Тоа е, исто така, првиот модел на вештачка интелигенција што ги надминува човечките експерти на реперот MMLU со 90 проценти резултат. MMLU е кратенка за Massive Multitask Language Understanding и е тест кој опфаќа 57 предмети од хуманистичките науки, STEM, општествените науки итн.
    Ако на ова додадеме дека Џемини ќе има пристап до огромни „облаци“ со информации, тогаш можеме да очекуваме возбудливи новости.

     

    Џемини ќе има три верзии Ултра, Про и Нано. Верзијата Про ќе биде интегрирана во Бард, додека Нано ќе се прикажува во  Google Pixel 8 Pro.

    Во меѓувреме се шпекулира дека проектот „Q“ на компанијата ОпенАИ е блиску до АГИ, самосвесната Општа вештачка ингелигенија. Тамошните вработени изразија загриженост во екот на краткиот пуч со кој извршниот директор Сем Алтман беше избркан за потоа повторно да се врати.

    Други шпекулации АГИ ја поврзуваат со ЧатГПТ 5, следната итерација на познатиот бот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img