Владата информира дека на денешната седница го разгледала и го усвоила Извештајот за извршени преговори помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за заеднички гранични премини: „Блаце – Елез Хан” и „Јажинце – Глобочица”, и го разгледала и го прифатила усогласениот текст на Договорот помеѓу двете влади, за воспоставување на овие два заеднички гранични премини.
Определен е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во име на Владата да го потпише Договорот.