Судскиот совет на денешната затворена седница не утврдил постоење дисциплинска одговорност за врховниот судија Наќе Георгиев, јави Телма повикувајќи се на свои извори во Советот.
Постапката против Георгиев била отворена за периодот кога тој бил претседател на Апелациониот суд во Штип.
СДК пишува дека претставката ја поднеле десетина оштетени сопственици на локални компании, а заедно со него, за истите случаи, била пријавени уште тројца судии. Актуелниот Судски совет ги разрешил тројцата апелациони судии од Штип но не и Георгиев. Предметот за оценка на неговата одговорност, до денеска не бил ставен на дневен ред на седниците на Судскиот совет. Тој, во меѓувреме станува врховен судија.
Наќе Георгиев е единствениот пријавен кандидат од Врховниот суд за член на Судскиот совет. Ако до утре нема промена на пријавени во листата, тој и со еден единствен глас ќе биде избран за нов член на Судски совет.