More

    Бизарна реклама за еутаназија ја вознемири јавноста

    spot_img

    Француската организација АДМД, која се залага за еутаназија, на социјалните мрежи објави реклама, во вид на постер, која ја реконструира сцената во парискиот тунел, во 1997 година, каде што умрела принцезата Дијана. Огласот прикажувa слика од оштетен автомобил во тунел со натпис: „Дијана не одбра да умре… Треба да имаме избор во 2024 година“.

    Рекламата предизвика жестоки критики, а пријателите на покојната принцеза и политичарите ја опишаа како „одвратна, подла и гнасна“.

    – Ова е сурово и опортунистичко. Ја искористуваа Дијана додека беше жива, а сега ја искористуваат нејзината смрт – рекла бароницата Роза Монктон за Дејли мејл, која била блиска пријателка со принцезата.

    Кенсингтонската палата ги изрази својот гнев и вознемиреност што нејзината трагична сообраќајна несреќа била искористена во оглас.

    Огласот е повлечен по низа осуди. Откако се најде на удар, француската организација за еутаназија призна дека „можеби навредила некои луѓе“.

    Принцезата Дијана имаше 36 години кога почина со момчето Доди Фајед. откако нивниот Мерцедес удрил во столб во париски тунел, на 31 август 1997 година. Дијана била сериозно повредена и починала неколку часа подоцна во болница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img