Освен банките и трговски друштва и компании кои се во производство ќе бидат опфатени со кризниот данок од 30 отсто на добивката остварена годинава од над 10 милиони евра, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Вицепремиерот појасни дека овој данок ќе биде еднократен и се однесува само за профитот кој е остварен годинава и е поголем од четирикогишниот просек. Со него се очекува да се опфатат неколку илјади компании.
-Компаниите коишто ќесе опфатат со овој данок се сите кои имаат приход над 10 милиони евра. Ако нивниот просечен профит од последните 4 години не е над 20 отсто овааа година нема да бидат опфатени со овој данок. Тие што ќе имаат просечен профит последните 4 години зедно со остварениеот годинава повисок од 1,2 милион евра ќе го плаќаат овој данок. За разликата остварена над овој профит се пресметува даночна стапка од 30 отсто. Пример, ако некоја фирма имала профит од 1,2 милиони евра, а во меѓувреме тој се зголемил на 2 милиони евра – разликата од 800.000 евра ќе подлежи на 30 отсто данок на добивка, само за оваа година. Тоа се дополнителни 240.000 евра кои ќе бидат платени на име на данок на добивка. Може да претпоставие дека станува збор за неколку илјади компании – рече Битиќи.
Тој рече дека со овој данок ќе бидат опфатени, банки, компании кои тргуваат со нафтени деривати, трговци на мало како и компании од енергетскиот сектор и други компании кои што се рангирани во ТОП 100.
Битиќи рече дека собраните пари од овој данок ќе се користат за справување со кризата, а дел од тие пари, како што рече, можеби ќе се користат и за подршка на големите компании да излезат од кризата.
Вицепремиерот рече дека симулациите кај некои големи компании покажале дека овој данок нема многу да влијае на нивното работење и профит.