More

    Битиќи на Економскиот форум: Економски меѓузависности во регионот и забрзано интегрирање кон ЕУ, е патот кој води кон просперитет

    spot_img

    Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, учествуваше на панел дискусијата на Економскиот форум „Од криза до решенија – станавме ли поотпорна економија денес?“ во организација на Finance Think, на кој стана збор за можностите за справување со кризи во иднина, и плановите за претстојните мерки и потребата како да станеме поотпорна економија.

    Во неговата изјава, вицепремиерот Битиќи рече дека во својство на претставник на Владата, има многу да каже за направеното во правец на заштита на животниот стандард на нашите граѓани, и за задржување на деловната активност на нашите компании во услови на исклучително тешки економски шокови.

    „Во пикот на кризата, Владата донесе и имплементираше околу 110 мерки дефинирани во 6 пакети со вкупна вредност од околу 1,2 милијарди евра кои беа директно насочени кон ублажување на последиците. Бидејќи животниот стандард на граѓаните ни е важен, ги насочивме да ја зачуваме нивната куповна моќ во екстремни услови и на тој начин да обезбедиме олеснето задоволување на основните потреби. Овие мерки имаа позитивни ефекти и кон стопанството, затоа што одржувајќи ја побарувачката на пазарот, се спречуваше домино ефект на затворање на бизниси и губење на работни места. Реагиравме и во делот на поддршка на ликвидноста, за компаниите успешно ги исполнуваат своите краткорочни обврски, како што се исплата на плати на вработените, дури и во ситуации кога дел од нив се соочуваа со нарушени приходи“.

    Вицепремиерот Битиќи укажа на важноста на визиите и конкретните системски мерки кои ќе ја зголемат адаптивноста и отпорноста на економијата во иднина.

    „Мораме да ја избегнуваме економската пракса на создавање на зависности. Воспоставување на економски меѓузависности во регионот и забрзано интегрирање кон ЕУ е патот кој води кон просперитет, раст и развој. Кризата ја оправда и ја нагласи потребата од усвојување на Националната развојна стратегија , која ќе претставува визија за развојот на државата и општество во претстојните две декади. Преку приоритизација на стратешките развојни области и поставувајќи механизам за соодветно искористување на ресурсите со кои располагаме како држава, стратегијата ќе овозможи флексибилност и отпорност на севкупното општество кон надворешни економски шокови“, изјави заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img